Три сестри, докторки, убавици: Мајката на Симона Поповска не може да биде ништо друго освен прегорда на своите ќерки

Симона Поповска пред да стане доктор, јавноста ја запозна преку нејзината песна.
Таа се‘ уште пее, но поретко од порано, а неодамна се пофали дека пеела и на роденденот на син ѝ, но и учествува на фестивали и концерти.
Сега поретко се фаќа за микрофонот бидејќи таа полно работно време, работи како успешен дерматолог.
Младата атрактивна докторка секогаш е стокмена од глава до пети, изгледа неверојатно добро и со својот беспрекорен стајлинг мами погледи. Но и нејзините две сестри се дами кои изгледаат одлично.
И тие се докторки, едната е пулмолог, а другата гинеколог. И трите убавици во вистинска смисла на зборот, се атрактивни но и успешни жени.
Д-р. Катерина Поповска е гинеколог, но и е специјализирана за грижа за жени за време на бременост и породување и за дијагностицирање и лекување на болести на женските репродуктивни органи.
Додека д-р. Билјана Поповска е пулмолог.
Нивната мајка има со што да се гордее.
Фото: Инстаграм/ threads/ Youtube - screenshoot