Умирам oд тумор на мозок: Сакам уште едно дете, но чувствувам вина да оставам две деца без мајка
Гледајќи како нејзината ќерка Роуз игра во паркот, Кетрин Рив (38) ужива во драгоцениот момент. Но, потсвесно не може да не се чувствува виновна што наскоро нејзиното девојче ќе мора да игра без нејзината мајка.
На Кетрин ѝ беше дијагностициран терминален карцином на мозок пред четири години откако ѝ беше кажано дека главоболките ѝ се поради стрес и депресија.
Во тоа време, Кетрин и нејзиниот сопруг Стив (43) од Пистл, Есекс, се обидуваа да имаат уште едно бебе, пишува The Sun. Но ја советуваа да не забремени додека лекуваше глиобластом, најчестиот агресивен тумор на мозокот кај возрасните.
Кетрин вели дека се уште размислува за уште едно дете, така што Роуз не би морала да расте сама - но се плаши и чувствува вина што ќе остави две деца без мајка.
Споделувајќи ја нејзината шокантна приказна преку Добротворната организација за мозочни тумори, Кетрин рече:
- Кога ми рекоа дека имам рак на мозок, не изгледаше реално. Ужасен шок е да слушнеш дека имаш крајна дијагноза и ми требаа месеци дури да започнам со обработка на информациите. Дури и сега, по четири години, понекогаш се мачам да го прифатам тоа, знаејќи дека нема да бидам тука за да ја гледам мојата девојка како расте. Премногу е болно да размислувам за тоа цело време, но јас чувствувам поголема болка за Роуз отколку за себе затоа што таа ќе ја изгуби својата мајка. Кога се разболев, се обидувавме да добиеме уште едно бебе да го комплетира нашето семејство. Лекарите рекоа дека можеби не е добра идеја да продолжам поради мојот третман и јас сум целосно свесна за мојата прогноза - рече таа.
Кетрин разговараше за можноста за замрзнување на јајце клетки, но лекарите ѝ рекоа дека тоа може да го одложи нејзиното закрепнување, иако рекоа дека сепак ќе биде можно да забремени.
- Дел од мене сè уште копнее по бебе и многу би сакала Роуз да има брат или сестра. Тоа би бил најскапоцениот подарок што можам да ѝ го дадам за да не биде сама кога ќе ме нема. Сепак, да имав уште едно бебе, ќе се чувствував ужасно виновна што две деца ќе останат без мајка. Стив исто така би сакал да има уште едно дете, но тој се грижи за влијанието врз моето здравје. Се чувствувам искинато и разни мисли ми поминуваат низ главата - Кетрин е во дилема.
Пред четири години, Кетрин започнала да страда од главоболки додека била помошник директор во основно училиште.
- Мојот колега забележа дека имам главоболки секој ден и ми предложи да одам на лекар. Потоа започна гадењето.
Главоболките стануваа секојдневно се полоши. Лекарот тогаш ѝ дијагностицирал депресија и ѝ препишал антидепресиви.
- Никогаш не бев подложена на стрес, но мислев дека тоа е веројатно затоа што имав напорна и стресна работа. Не ме скенираа во болницата и ме испратија дома, рече Кетрин.
Во јули 2016 година, таа заборави дека им е шеста годишнина од бракот.
Шокантна дијагноза.
- Се сеќавам дека бев во амбуланта со сестра ми и мајка ми, го повикаа Стив да не пречека во болницата. Тогаш се сеќавам како ме однесоа во болница, а остатокот е заматен - се сеќава таа.
Пет дена подоцна, Кетрин имала операција за ослободување од притисокот врз мозокот и будна краниотомија 10 дена подоцна за отстранување на 97 проценти од туморот.
Две недели по операцијата, таа претрпе уште поразителен удар кога резултатите од биопсијата покажаа дека има глиобластом - најчестиот агресивен тумор на мозокот кај возрасните.
-Ми рекоа дека имам уште две до пет години живот. Ништо не може да ве подготви за терминална дијагноза. Се сеќавам дека се вратив кај мама и тато. Тие имаа голема градина, а јас со Стив шетав околу неа. Постојано размислував, зошто мене? Што направив за да се случи ова? Бог навистина мора да ме мрази. И, она што најмногу ме повреди беше знаењето дека му нанесувам болка на моето семејство. Ми требаа месеци за да започнам да обработувам сè, и долго време да ги поминам своите чувства. Дури и сега понекогаш не можам да разберам, знаејќи дека нема да бидам тука за да го гледам моето девојче како расте. Ние сега живееме за моментот - рече таа. Тешко е да се прифати.
- Кога ми дијагностицираа рак, Роуз имаше само три години и навистина не се сеќава дека сум била болна. Таа сега има седум години и знае дека нејзината мајка е болна, но не и колку години живот ѝ останува. И тешко е да се поверува затоа што не изгледам болно, никој не може да го види мојот рак на мозокот. На Стив понекогаш му е тешко да прифати што ќе се случи затоа што изгледам многу добро“, вели таа.
„Знаеме што е пред нас, бидејќи болеста неминовно напредува“, рече Кетрин.
Посветена мајка вети дека ќе го искористи секој момент со Роуз, особено затоа што изгуби драгоцено време со неа откако беше пуштена од болница, а потоа следуваа шест недели радиотерапија и шест месеци хемотерапија. Таа го изгуби движењето на десната страна од телото, што постепено се подобруваше со физиотерапија.
- Требаше многу време и беше многу фрустрирачки. Морав повторно да научам како да одам и да користам нож и вилушка “, вели Кетрин.
Ова ја спречи да биде во близок контакт со Роуз.
„Роуз секогаш ми беше на прво место. Но, кога бев болна и се опоравував, Стив ја презеде таа улога. Тој ѝ ги читаше приказните пред спиење и ја подготвуваше за спиење, рече таа.
Се подготвува да замине - Кетрин знае дека претстои болен процес на збогување со ќерката.
- Почнувам да размислувам за сите работи што сакам да ѝ ги кажам и како треба да почнам да ги кажувам. Можеби ќе напишам писма или ќе снимам видеа за пресвртниците во нејзиниот живот кога не можам да бидам со неа. Стив и јас сè уште не сме подготвени да разговараме за тоа што ќе се случи кога ќе ме нема, но знаеме дека денот ќе дојде. Знам дека Роуз ќе биде добра со него - таа е охрабрена.
Создавање спомени - сега нејзиниот фокус е насочен кон создавање на многу среќни спомени.
Таа сега ја споделува својата приказна за да и помогне на добротворната организација за тумор на мозок да ја подигне свеста за оваа болест.
- Јас сум Кетрин, личност, мајка, сопруга, учителка. Јас сум реална во однос на мојата прогноза и знам што следи, но засега сум жива и здрава и го живеам својот живот - заклучи таа.
извор: 24sata.hr