(ВИДЕО) Драма пред камера: Медицинска сестра се онесвести откако прими вакцина против ковид-19 од Фајзер
Медицинската сестра се
онесвести откако примила вакцина Фајзер
Медицинска сестра во болница во Тенеси се онесвести кратко откако зела доза на вакцина против коронавирус на Фајзер, и тоа во живо, пред камери. Иако се опорави неколку моменти подоцна, несреќата и зададе нов удар на кампањата на САД за промовирање на вакцината.
Главната медицинска сестра на болницата во Чатануга, Тифани Довер, беше меѓу првите кои ја примија вакцината во таа институција во четвртокот. Но, додека разговараше со медиумите неколку моменти по приемот на првата доза, Довер пријави дека не се чувствува добро дека има вртоглавица и се онесвести пред камерите.
За среќа, докторот до неа успеа да и го олесни падот и по неколку минути повторно застана на нозе, со образложение дека ваквата реакција не е невообичаена за неа.
„Ме погоди одеднаш, можев да почувствувам како се случува тоа“, рече Довер и додаде.
- Се чувствував малку дезориентирано, но сега се чувствувам добро и болката во раката веќе ја нема. Во минатото, имав многу активен вагален одговор, па ако нешто ме повреди, било да е тоа кутикулата, или удар во ногата, едноставно можам да се онесвестам - вели таа.
Другиот медицински персонал во болницата изјави дека несаканиот ефект не е поврзан со состојките на вакцината, која заеднички ја развија „Фајзер“ и германската компанија „Бионтек“, а беше одобрена на почетокот на овој месец од американската Администрација за храна и лекови.
Russia could offer to ship a few thousand covid vaccines to Greece for free
— Injektieren Macht Frei (@UBKFrantisek) December 18, 2020
and see our gov short-circuit and faint, like this poor nurse https://t.co/bPdcKSXCf3
„Тоа е реакција што може да се случи многу често со која било вакцина или инјекција“, рече д-р Џеси Такер.
Видео и Фото: Твитер