Актуелно // Insta вести
Во бел тесен фустан и долг вел, се омажи водителката Ведрана: Парот направи интимна венчавка

Водителката објави фотографии од интимниот момент кој се случил кон крајот на минатиот месец.
„22.09.204. А В – До вечноста“, напиша Ведрана на фотографиите.
По објавените фотографии Ведрана доби голем број честитки од нејзините колеги и соработници помеѓу кои и голем број познати македонски имиња.
На почетокот на оваа година Ведрана го кажа судбоносното „да“ на плажите во Занзибар, каде на романтичен начин на зајдисонце ја запроси нејзиното момче.
- Кога ќе си ја најдеш сродната душа … беше само прашање на време – напиша тогаш Андрија на нивната заедничка фотографија.
Фото: ИнстаграмРЖМ