Животна училница // Семеен Албум
„Во тоа име ја почнуваме втората деценија“: Горан Алачки и неговата сопруга влегуваат во ново животно поглавје на романтичен начин

Познатиот фолклорист Горан Алачки ѝ упати трогателна честитка на својата сопруга по повод 10-годишнината од нивниот брак.
Со фотографија и кратка, но силна порака, тој сподели дел од својата семејна среќа на социјалните мрежи.
„10 години, заедништво, слога и убавина. Во тоа име ја почнуваме втората деценија“, напиша Алачки, истакнувајќи ја важноста на љубовта и стабилноста што ја изградиле низ годините.
Нивната љубовна приказна е пример за искрен однос, взаемна поддршка и семејна хармонија, а многумина во коментарите не ги штедеа честитките и убавите зборови.
Алачки, кој е познат по својата посветеност кон македонската традиција и култура, со оваа објава покажа дека и во приватниот живот неговите вредности се цврсти и искрени.
Заедно со сопругата, тие влегуваат во ново животно поглавје – втората деценија исполнета со љубов, почит и заедништво.