Впери прст кон Манчевски: Тој е „виновен“ за мојата фризура - Комичарот Стефан, ќе ве насмее со оваа објава (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Комичарот и актер Стефан Николовски ќе се појави во новиот филм „Збогум, Копакабано“, во режија на еден од најзначајните македонски режисери, Милчо Манчевски. Ова е една од посериозните улоги за Николовски, кој досега беше познат главно по своите комични настапи и улоги.

Стефан веста ја сподели со своите следбеници на Инстаграм, откривајќи не само нов проект, туку и нов изглед – со доза на хумор карактеристична за него.

View this post on Instagram

A post shared by Stefan Nikolovski (@stnikolovski)

„Он е крив за косата! Трилер-комедија каминг сун. „Збогум, Копакабано““, напиша тој на фотографија со Манчевски, алудирајќи дека новата, зелена фризура е „дело“ на режисерот.

Фризурата на Стефан е веќе неколку недели во фокусот. Црната коса ја замени со зелена нијанса, а на својот профил, Николовски не пропушти да се пошегува на сопствена сметка.

„Значи, сум имал и полоша фризура од оваа денес! Насмеј се“, напиша тој, споделувајќи и фотографија од своето детство, додавајќи:

„Порано, кога бев мал, ич не се замарав како изгледа мојата фризура – а кога ќе видам слики, гледам дека и мајка ми и татко ми ич не се замарале!“

Стефан, и кога најавува посериозна улога, не ја губи својата искреност и комичен тон, а публиката, како и секогаш, го следи со насмевка.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г