Заедно и сплотени секогаш можеме повеќе Иуте и Екотип донираа прочистувачи за воздух во основното училиште Крум Тошев Трубарево

Како општествено-одговорни компании со алтруистички дух, изразуваме големо жалење и сочувствуваме со сите граѓани кои се директно и индиректно погодени од неодамнешниот пожар во Трубарево, немил настан кој го наруши секојдневието на жителите и децата, оставајќи ги надвор од училишните клупи. Притоа изразуваме и голема благодарност до сите институции, волонтери, пожарникари, медицински лица и индивидуалци кои беа во првите редови уште од првиот миг.
Како резултат на партнерски договор, вчера беа донираа прочистувачи за воздух во ООУ Крум Тошев Трубарево - Општина Гази Баба, училиште кое се наоѓа во непосредна близина на опожарениот објект, благодарејќи и на отвореноста, брзата реакција и координација со Општина Гази Баба во интерес на добросостојбата на децата и граѓаните, општина со која досега веќе имаме реализирано низа проекти.
Со поставувањето на прочистувачите во ова училиште, ќе може да се овозможи побезбедна средина за учениците, наставниците и сите вработени – со што заеднички се прави важен чекор кон нивното здравје и благосостојба.
“Уште веднаш ја препознавме потребата и веднаш се договоривме да помогнеме. Вообично нашите донации ги реализираме тивко, достоинствено и без јавно експонирање, но овојпат чувствуваме обврска да проговориме – не заради нас, туку заради потребата од колективна свест. Да пратиме апел до целата заедница, секој кој е во можност, на начин кој е соодветен, да даде свој придонес и заеднички да овозможиме враќање на спокојот, нормалното секојдневие и на она што треба да претставува основна грижа на децата - детска радост и соништа. Нивната иднина е одговорност на секој од нас. Опремата која е донирана во училиштето е од врвен германски производител, со hp14 филтер кој е единствен од таков тип на пазарот и како медицински филтер ги исполнува стандардите за чистота на воздухот и во операциони сали. Дишеме заедно со васи веруваме дека по секој тежок момент доаѓа светол почеток.”- посочија Биљана Мишиќ од Иуте и Ламбро Патче од Екотип.
“Искажуваме голема благодарност за донацијата, со верба дека учениците ќе се чувствуваат побезбедно за време на наставата во училиштето. Голема благодарност и кон општината Гази Баба и градоначалникот Бобан Стефковски, кои со својата заложба и координација ја овозможија оваа донација во кратко време. Здравјето на децата е на прво место, затоа што децата се нашата иднина”, изјави Александра Димитриевска, директорка на ООУ Крум Тошев.
Иуте и Екотип ќе продолжат да вложуваат во проекти за поддршка на заедницата, а со овој гест уште еднаш се потврдува посветеноста кон најмладите, еднакви можности за нормално детство, како и подобри услови за нивното образование.
На децата од ООУ Крум Тошев им посакуваме среќно и безбедно враќање во училишните клупи.
За нов здив, за нови почетоци, за поубави детски соништа. Заедно и сплотени, секогаш можеме повеќе и подобро.
ПР објава