Зарем не е срамота? Пола век го посвети на работата, те делев цел живот со целиот македонски народ: Ќерката на актерот Гоце Тодоровски со емотивна посвета

Ќерката на македонската актерска легенда, Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, преку емотивна објава на социјалните мрежи упати остра критика до институциите поради, како што вели, игнорантскиот однос кон нејзиниот татко, кој и по повеќе од пет децении актерска кариера не добил национална пензија.
Во објавата, таа се осврнува на долгогодишниот придонес на Тодоровски во македонската култура и филмска уметност, посочувајќи дека и покрај неговото значење и влијание, државата не го наградила со признание кое, според неа, со право му припаѓа.
„Пола век го посвети на народот, пораснаа со тебе сите луѓе од врвот, татко мој. ‘Национална пензија не ти дадоа’, само признанија, наградички за животни дела – колекционер на хартија стана... Зарем не е срамота?“, пишува Тодоровска.Таа истакнува дека актерот, денес живее од пензија во износ од 36.000 денари, без дополнителна поддршка од државата, и покрај неговиот длабок траг во културниот живот на земјата.
Во Македонија, националната пензија или „награда за животно дело“ се доделува на заслужни личности од областа на уметноста, културата и науката, како форма на признание за животен придонес во развојот на државата. Оваа поддршка обично вклучува месечен надомест и има симболична и материјална вредност.
Фото: Фејсбук
РЖМ - Г.Д.Г