Жешко лето и уште пожешка Алба - актерката вљубена, живее со полни гради по разводот - ФОТО

Добивај вести на Viber

Џесика Алба одеднаш „процвета“. Таа го живее животот со полни гради и често објавува атрактивни фотографии на Инстаграм.

Во последно време, Џесика Алба зрачи со самодоверба, а насмевката на нејзиното лице е честа појава на нејзините фотографии.

Дали момчето кое е 11 години помладо од неа може да си ја препише заслугата за ова расположение кај Алба - сè уште е непознато, но јавноста забележува едно - една од најубавите актерки е повторно среќна.

View this post on Instagram

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba)



Во овој поглед, таа неодамна објави компилација од атрактивни фотографии на Инстаграм, а вниманието на јавноста го привлече една - онаа на која актерката е во минијатурно бикини.



Како што можете да видите, оваа облека ја покажува неверојатната фигура и извајани стомачни мускули на Алба. Фотографијата им се допадна на многумина, особено на нејзиниот нов дечко Дени Рамирез, кој ја лајкна објавата на интернет.

View this post on Instagram

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba)



„Неколку магични денови на едно од моите омилени места“, напиша кратко познатата актерка.

Да потсетиме дека на почетокот на оваа година, Џесика Алба се разведе од продуцентот Кеш Ворен, со кого беше во брак 17 години и со кого има три деца. Веста ги шокираше многумина, со оглед на тоа што тие важеа за еден од најхармоничните парови.