Зошто менталното здравје на мајките е важно? – Совети од психологот Тиана Ивановска

Добивај вести на Viber

За мајчинството често слушаме низ розови приказни – моменти исполнети со радост, среќа и совршена блискост со новороденчето. Но, реалноста е посложена и далеку похуманa. Пост-породилниот период носи промени што често остануваат во тишина – емоционални подеми и падови, чувства што варираат од љубов и возбуда до тага, страв и неизвесност…

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека 13% од жените по породувањето се соочуваат со различни психолошки предизвици, пред сè депресија. Доколку ја отворите Instagram страната на dm, ќе пронајдете видео во соработка со психологот Тиана Ивановска која е тука да ве советува што да правите доколку не чувствувате само бебешка еуфорија и среќа после породувањето...

https://www.instagram.com/p/DNa__OfKeNa/

Иако „baby blues“ (пост-породилно тагување) е честа појава кај многу родилки, тоа не значи дека е лесно веднаш да се прифати и совлада новата реалност. Одеднаш, младата мајка се соочува со огромна одговорност – да се грижи за едно кревко, нежно бебе, нов живот кој таа го донела на овој свет. Во оваа пост-породилна фаза, најчесто, симптомите на тага и нестабилни емоции исчезнуваат за неколку дена или недели. Но доколку тие продолжат или станат посилни, важно е да знаете: нема место за срам или страв! Отворениот разговор со најблиските, како и барањето стручна поддршка кога е потребно, е храбар и здрав чекор. Затоа што вашето ментално здравје е основата за мир, сигурност и љубов – и за вас, и за вашето бебе.

Овие промени не се слабост – тие се природен одраз на силните хормонални флуктуации, физичкиот замор и новата, понекогаш непредвидлива динамика на мајчинското секојдневие. Токму затоа овој период заслужува внимание и грижа – секое молчење околу менталното здравје на мајките ја продолжува стигмата. А пораката треба да биде гласна и јасна: здравјето на мајката е исто толку важно како и здравјето на детето. Секоја жена има право на одмор, на пауза, на свој простор – без вина и без оправдувања.

*ПР објава