Интервјуа // Интервјуа
                    
                Воведување на родителско отсуство и за таткото
 
                     Настовска: Предлогот за продолжување на родителското отсуство до 18 месеци е проблематично, особено во однос на правото на „слободен“ избор на мајките. Ако зборуваме за некаква револуција па била и „пеленска“, тогаш зошто јасно и гласно не кажеме дека пелените се и татковска работа, па да понудиме рамноправна поделба на родителското отсуство помеѓу двата пола.
Во скоро сите меѓународни извештаи, Македонија е оценета како земја каде родовата еднаквост сè уште треба да се унапредува. Зборуваме за општество каде што вработувањето на жените и девојките е честопати предмет на директна и индиректна дискриминација. Постојано слушам од своите пријателки кои велат дека еден од условите за влез и унапредување на работно место е да гарантирате дека нема да останете бремена во одреден приод. Порано дури имаше случаи каде што жените и девојките мораа да потпишат ваква писмена согласност. Ова посебно беше случај со работодавците од приватниот сектор. Денеска тоа се прави многу посуптилно. Премолчено ќе Ви биде пренесена пораката дека нема да сте добредојдена по користењето на родителското отсуство. Така што, можам слободно да заклучам дека без разлика дали сте бремена или не, во моментот кога влегувате на работно место како жена Вие секако ќе се судрите со прашањето – „А што ако остане бремена“?
Вистина е дека имавме измена на Законот за работни односи каде и татковците имаат право да користат родителско отсуство. Но, ова право срамежливо се користи пред сè поради фактот што сè уште се верува дека мајката ја има доминантната улога во чувањето на децата и одржувањето на домот. Па така, податоците за активното учество на татковците во грижата на децата е прилично ниско. Фондот за здравство во 2016 регистрирал само 54 татковци кои користеле родителско отсуство. Ова е дури и охрабрувачки податок ако се имаат предвид бројките од претходните години: 2015 - 29 лица, 2014 - 14, 2013 - 16, а во 2012 – 19 лица. Сепак, Фондот соопшти дека причините поради кои се зема родителското отсуство од страна на татковците се најчесто поради несреќен случај или финансиски.
Женски Магазин:  Дали постои можност за дискриминирање на жените на работа?
Настовска: Дискриминацијата на жените во Македонија во скоро сите сфери е нешто што реално го живееме и пазарот на трудот не е исклучок од ова правило.
На пример, податоците од Државниот завод за статистика за 2015 година говорат дека 39,4% од жените во Македонија на возраст од 15 до 64 години биле економски активни, додека овој процент кај мажите изнесува 60,6%. Дополнително, жените учествуваат со 61,7% во категоријата неплатени семејни работнички, додека мажите се застапени со 38,3%. Токму ова е сликата за „традиционалната“ улога на жените во Македонија.
Поразителен е и фактот што во Македонија жените за иста работа, помалку се платени од мажите. Според последната анализа на Меѓународната организација на трудот, родовиот јаз во учеството на пазарот на труд на жените во Македонија е 24.8%, а за вработеноста е 18%.
Годинава невладината организација „Македонско здружение на млади правници“ доби две пресуди за дискриминација на жени, по основа на бременост/раѓање пред Европскиот суд за човекови права. Реалната бројка на вакви видови на дискриминација е огромна. Жените денеска, не само во Македонија, туку и во современите европски држави, се дискриминирани на работното место како директна последица од бременоста и раѓањето. Но, за разлика од Македонија, земјите од Европската унија се обидуваат да го решат овој проблем со позитивни законски мерки преку кои ќе се обезбеди целосна родова еднаквост.
Колку и да е добра намерата за зголемување на родителското отсуство на 18 месеци, истото ќе доведе до структурна дискриминација и работодавците ќе избегнуваат да вработуваат жени и девојки. На овој начин, вие ја „туркате“ жената да се посвети на стереотипната доминантна улога, а тоа е да се грижи за домот и децата. Воедно, долгото отсуство од активно учество на пазарот на труд дополнително влијае врз продуктивноста на работничката и нејзиното враќање во првобитната кондиција е прилично тешка работа.
Женски Магазин:  Дали ова ќе донесе социјална сигурност за идните мајки?
 
 Настовска:Социјалната сигурнос
Настовска:Социјалната сигурнос- Воведување на родителско отсуство за таткото. Татковците ќе можат да земат најмалку 10 работни дена платено родителско отсуство кога детето ќе се роди за што ќе му биде платено барем на ниво на платено боледување.
- Јакнење на родителското отсуство на начин што за време на четиримесечното отсуство, лицето ќе добива надоместок барем на ниво на надоместокот што се добива за време на боледување и истото не може да се префрли на другиот родител. Остварувањето на ова родителско отсуство треба да биде флексибилно (работа со половина работно време или негово земање во делови), а возраста на детето до која родителите можат да земаат отсуство да се зголеми од 8 на 12 години.
- Воведување на отсуство за негување за вработени кои се грижат за членови на семејството кои се сериозно болни или за издржувани лица. Вработените кои се грижат за вакви лица ќе имаат право да земат 5 дена годишно платено отсуство за кои надоместокот ќе биде барем на ниво на надоместокот кој се добива при боледување.
- Проширување на правото на барање на флексибилен работен ангажман (скратено работно време, флексибилно работно време и флексибилно место за работа) за сите вработени родители на деца до 12 години и за лица кои обезбедуваат нега за издржувани лица.
[1] http://press24.mk/lani-54-