Животна училница // Приказни
Како се прославува кинеската нова година
Ја прославуваат на многу интересен начин како фестивал со големи експлозии на музика и светла, вклучувајќи огномети, ѕвончиња и традиционалниот танц на лавови со маски. Како сите прослави низ светот така и кај нив се собираат фамилиите заедно за вечера и го чистат својот дом за да ја избркаат лошата среќа на Новогодишната вечер, а децата традиционално добиваат црвени пликоа со „среќни пари“ и убави желби за новата година.
Тие оваа 2018 година ја прославуваат во знакот на Кучето и затоа оваа година ќе биде „Година на кучето“. Овој знак влегува во 12 годишно растојание, така што тие кои се родени во 1946,1958, 1982,1994, 2006 и 2018, се всушност родени во зодијакот Куче и 2018 година ќе биде нивна среќна година.
За Женски магазин, Ана Јордановска