Животна училница // Приказни
КАЛИОПИ, ЕСМА,ТИЈАНА: Кога ги заработиле првите пари и на што ги потрошиле?
Калиопи на 9 години ги заработила првите пари[/caption]
За српското издание на магазинот „Хелоу“ Тијана Дапчевиќ раскажа дека првиот работен ангажман го имала на 16 години.
- Снимив реклама за еден популарен пијалок и добив солиден хонорар. Веднаш отидов во шопинг, си купив капут и чизми и бев најмодерна во училиште – во препознатлив стил објасни Дапчевиќ.
[caption id="attachment_18277" align="aligncenter" width="456"]
Тијана снимила реклама, па си купила капут и чизми [/caption]
За првиот хонорар секогаш со задоволство евоцираше спомени и покојната Есма Реџепова Теодосиевска. Тоа се парите од победата на натпреварот „Микрофонот е Ваш“.
- Премијата беше колку четири просечни плати во тоа време. Настапив без знаење на мајка ми и татко ми кои на почетокот сметаа дека занимавањето со музика е недолична професија. Парите ги сокрив во чинтијаните-раскажа Есма.
По неколку дена емисијата се емитувала на радио. Кога нејзините родители дознале за овој ангажман, морала да признае и за парите. Купила подароци за целото семејство, а за неа не останал ни денар.
[caption id="attachment_18278" align="aligncenter" width="300"]
Првиот хонорар го сокрила во панталоните: Есма Реџепова[/caption]
За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов