Интервјуа // Интервјуа
                    
                Концепт 2020 на Кнез ќе дефилира на Моден викенд Скопје
 
                     Женски Магазин: Од каде провокацијата за креирање на Концепт 2020?
Ивана Кнез: Од секојдневието. Со главите шетаме надолу, најважни ни се лајковите кои ги собираме на социјалните медиуми, преферираме средби онлајн повеќе отколку средби во живо. Активно водиме приватен живот преку инбокс и со самото тоа поддржуваме порнографија, трафикинг, педофилија. Сето тоа несвесно и систематизирано.
Колекцијата е револт и кон сама себе и сопствените навики, а со самото тоа и на моето опкружување. Сакам да го подобриме квалитетот на животот, сите ние.
Женски Магазин: Креаторката со ревијата ги отвора прашањата дали ние, луѓето, живееме во свет на криза со идентитет, колку мажите и жените се различни и еднакви, но и колку човечките битија се робови на општеството кое сами го креираат?! Колку се важни овие прашања?
Ивана Кнез:  Кога се будите наутро, што е тоа што ве мотивира да го продолжите денот? Треба да е љубовта, а најчесто се финансиите. Каде се гледате за десет години од денес и со кој? Што направивте денес што го помрдна тлото на светот, а е еден мал чекор за вас? Нахранивте бездомно животно, му се насмевнавте на некој бездомник на улица…Засакавте некој? Секој ден се повеќе ја губиме целта и идентитетот, стануваме општи стануваме роботи. Заради системот во кој живееме. Резултатот … секојдневие со лоши вести на Фејсбук, луѓе без лични животи, без кредибилитет и образование. Само површен социјален живот без значење.
Женски Магазин: Модните парчиња ќе бидат лимитирана едиција, поттикнати од секојдневното наше живеење, колку сме ние Андроиди заглавени во електронскиот свет. Сите љубители на модата ќе погледнат несекојдневна модна колекција за сегашноста и иднината, творба за #Concept 2020. Зошто лимитирана?
Ивана Кнез:  Затоа што секој од нас е еден. И нема потреба да е унифициран. Некој од парчињата ќе се повторат, но во лимитиран број и тоа е во ред бидејќи е стил на поединци со бескрајни опции за комбинации. Но до некаде. Парчињата се силни, со визуелен идентитет и костимографски пристап, се водев од различноста на секоја жена, без лични фрустрации кој го тоа направи прв!
Женски Магазин: Какви