Трендови,
Трендови
Меган Маркл и принцот Хари избраа: три најдобри дестинации за вашето следно патување
За нивниот прв заеднички одмор, принцот Хари и Меган отишле на кампување (да, во вистински шатор) во дивината на оваа преубава јужноафричка земја. Како се дознава, тие престојувале во луксузниот камп “Meno a Kwena”, така да не спиеле на земја во буквална смисла и ги почувствувале волшебствата на природата и дивиот свет. Парот исто така бил и на сафари а се возеле и во чамец на Ботети реката, уживале во прекрасните заоѓања на сонцето и поглед на диви животни во Окаванго Делта.
Монте Карло, Монако
Парот патувал со економска класа до француските брегови како во 2018 година би влегле со стил. Меган и принцот Хари отседнале во природната резиденција на овој велелепен град кој е познат како најбогат град со многубројни казина и неверојатни јахти.
Тромвик, Норвешка
Ако сакате мирно патување и неверојатно доживување тогаш е време да ја посетите Норвешка и малиот град Тромвик од кој најдобро се гледа поларната светлина . Покрај тоа, во него може да уживате по гледањето на китови и целосно релаксирана атмосфера. Градот е познат и по тоа што во него не постојат туристички продавници и ресторани, бидејќи за се е задолжено локалното население.