Секојдневните обврски на работното место носат свои предизвици, како професионални така и модни. Што да се облече а сепак да се остане доследен на трендовите, каде воедно треба и да се запази дрес- кодот на работното место е прашањето кое најчесто си го поставуваме кога стоиме пред нашиот плакар. Ваквите секојдневни моно дијалози често знаат да не измачуваат, но и да ни ја разбудат креативноста кога станува збор за нашиот стил на носење.
Како што се менуваат трендовите, така се менуваат и правилата на облекување на работното место. Повеќето работни места дозволуваат свој начин на облекување нормално во умерена доза на суптилност, софистицираност и сепак во рамките на бизнис дрес-кодот.
За вас, денес ги одвоивме нашите модни бизнис предлози, кои се надеваме ќе ви помогнат во понатамошниот избор на модни парчиња кога станува збор за бизнис гардеробата.
За Женски Магазин, Нина БеадерFbstrana : https://www.facebook.com/BeaderHristina/Web Strana : https://ninabeaderblog.wordpress.com/