Животна училница // Приказни
Утринско кафе со Драгица Зенделовска: Денот ми почнува со бакнеж
Ме мотивираат позитивни резултати, по напорна работа и многу вложен труд. Но знаат да ме мотивираат и насмеани луѓе со добра енергија.
Во работните денови скоро секогаш е исто. Заминувам на работа на Медицински факултет. Во попладневните часови имам малку време за ручек и потоа следи попладневна работа со доста клиенти кои бараат совети за исхрана. Понекогаш и викендот ми поминува така, но во повеќето случаи имаме време за прошетка или за средба со пријателите и фамилијата.
Вечерата скоро секогаш ја имаме дома со Екатерина и Александар. Имаме малку време да поразговараме како ни поминал денот, да ги проверам училишните обврски на Екатерина а понекогаш и да научиме нешто. Знаеме да се пошегуваме, а и да испиеме по една чаша црвено вино. Потоа следи пишување, читање, истражување што понекогаш трае до доцна во ноќта.
Сакам да гледам филм, но дома. Поради голем број на обврски домот ми се чини како место каде го пронаоѓам мирот. Книги обожавам да читам и буквално не можам без нив. Обично читам научна литература, но во порелаксирани денови знам да прочитам и некој трилер.
*Драгица Зенделовска е нутриционист во Органика