Животна училница // Приказни
ФОТО РЕПОРТАЖА: Барселона, место кое мора да се види
Ова е град кој никогаш не спие. Така и ја препознаваат Барселона.
Луѓето во овој град имаат свој ден на вљубените. Тоа е 23 април, ден кога мажите им подаруваат рози на своите сакани, жените пак возвраќаат со книга.
Барселона е едноставна за да се снајдете. Улиците главно се вкрстуваат под прав агол во насока север-југ и исток-запад. Метрото е добро организирано и доаѓа на секои три минути. Картите за метрото чинат 2 евра и се купуваат на секоја станица.
Барселона има богата историја, традиција и разни културни влијанија. Градот има седум плажи со вкупна брегова површина од 4.5 км. Плажите „Сант Себастија“ и „Барселонета“, се најдолгите и најпосетени плажи во Барселона.
Барселона има 68 паркови меѓу кој најголем е „Parc de la Ciutadella“, каде што се наоѓа зоолошката градина. Најпознат пак е паркот Гуељ, дизајниран од Антони Гауди, во периодот од 1900 до 1914 година, кој е најимпресивниот и најневообичаениот парк.
Со сите трговски центри како: Mare Magnum, El Corte Ingles, Diagonal Mar,
Стадионот Камп Ноу е домот на ФК Барселона уште од неговата изградба од 1957 година. Со својот капацитет од 99.354 седишта, тој е најголем стадион во Европа и 12-от по големина во светот.
Ла Рамбла е најшареното и најфреквентнот
Место кое никако не смеете да го пропуштите а да не го посетите е пазарот Ла Бокериа, пазар кој спаѓа во најпознатите пазари во светот. Тука се продава сè што сте виделе и она што не сте го виделе од овошје и зеленчук. Богата понуда на риби, месо, сувомесни производи, зачини, сирења, свежи сокови, разни слатка и џемови…Тука може и евтино да се јаде и да се пие. Во Барселона нема многу места каде што се нуди „Menu del dia“како во Мадрид. Не одете на најевтината варијанта од околу 8,5 евра оти е на границата на јадливост. Подобро да платите малку поскапо и да добиете нормален оброк.
Инаку, на секој чекор ќе наидете на сендвичи од пршута (3 евра) и задолжително пробајте. Пршутите им се навистина одлични, но и со соленка цена. Ако сте љубител на морска храна, тогаш задолжително пробајте паеља-paellа. Нејзината цена е околу 16 евра. Насекаде во Барселона има огромен избор на вина и секаде го точат во чаши (околу 2 евра). Во Барселона често се пие и Cava – шампањско.
Барселона е дефинитивно град во кој животот тече 100 на час. Таа енергијата наелектризирана со каталонскиот темперамент од првиот миг ви се вовлекува под кожа и ве носи низ лудите предели од градот, ви приредува незаборавни моменти и не ве остава на мир.