Највисоката жена на светот поминала низ страшна траума поради својот изглед: Сега живее бајка покрај 40 см понизок маж и работи како модел

Иако доживеала многу грди ситуации поради висината, Елисане Силва конечно ја пронајде својата среќа и ужива во љубовта
Елисане Силва од десетгодишна возраст забележала дека се разликува од своите врсници - била многу повисока од соучениците, дури 175 см. Токму поради нејзината висина ја малтретирале и ја нарекувале со погрдни имиња, а таа многу страдала додека растела. Сепак, среќата конечно ѝ се насмевна, таа најде маж кој ја сака со целото свое срце, без разлика на нејзината различност.
Како што Силва продолжи да расте, таа сега, на 26 години, е висока преку 2 метри. Имено, нејзината мајка Ана Марија Рамос е висока само 162 сантиметри, а нејзиниот татко Луис Хорхе 170 сантиметри, па, ако судиме според генетиката, таа немала на кој да биде толку висока.
- Уште како десетгодишно дете забележав дека нешто не е во ред бидејќи бев единствената во семејството и класот која беше висока неверојатни 175 сантиметри. Тоа беше шок за сите, бидејќи јас бев највисокиот член на толку млада возраст - изјави Елисане.
По истражувањето, утврдено е дека причината за нејзиниот огромен раст е всушност бениген тумор на хипофизата, што довело до прекумерно производство на хормони за раст и состојба наречена гигантизам.
- Почнав да чувствувам интензивна болка во коските и голем притисок во главата поради брзиот раст, па решивме да одиме на лекар. Предложија да се направат некои рутински тестови за да дознаат зошто сум толку висока, но бидејќи моето семејство немаше доволно пари да ги покрие болничките трошоци, тоа не беше можно, продолжи таа.
Една бразилска телевизија слушнала за нејзината приказна и решила да ѝ помогне на оваа девојка и да ѝ ги плати сите потребни трошоци, за да открие што навистина се случува со неа и нејзиното тело. Кога ги добила резултатите, лекарите откриле дека на нејзината хипофиза расте бениген тумор, кој е главниот „виновник“ за нејзината состојба.
Воопшто не беше лесно да расте за Елисане
Често била малтретирана и од нејзините врсници и од возрасните, ја нарекувале жирафа, светилка и џин. Сите грди коментари многу лошо се одразиле на нејзината психа.
- Се сеќавам дека се заклучив дома, бидејќи ми се слоши од болните коментари и зборови кои постојано ми ги кажуваа луѓето - рекла Елисене.
Не можејќи повеќе да се справува со толку многу исмејување, го напуштила училиштето.
- Решив да се откажам и тоа беше најтешката одлука што некогаш морав да ја донесам, бидејќи и јас сакав да продолжам со студиите, но знаев дека повеќе нема да издржам во таа средина - вели Силва.
Потоа во 2011-та година го запознала Франсиналдо и брзо се заљубиле и покрај разликата во висината. Една година подоцна, Франсиналдо ја запросил, а парот се венчал во 2015-та година.
- Почувствував поврзаност со него во моментот кога го запознав, не ја ни забележав неговата висина. Франсиналдо е висок само 162 сантиметри, што е речиси 40 сантиметри понизок од мене, но не ми е грижа. Иако беше љубопитен за мојата висина и состојба, тој не ми даваше лоши коментари, ниту ме осудуваше поради мојот изглед – објаснува таа.
Тие успешно ги премостија сите разлики меѓу нив, а круна на нивната љубов се тригодишниот син и ќерката која неодамна ја добија.
- Тој беше првиот човек кој ме третираше како човек, а не како некој изрод. Иако има очигледна разлика во висината, ние не го гледаме тоа како проблем, бидејќи се сакаме такви какви што сме и не би сакале ништо да се смени – заклучила Елисан, која денес е многу успешна и во манекенството.
Извор: stil.kurir.rs