Дел од плажите затворени: Црногорците стравуваат од нов тип на риба која се појавила на Јадранот

Добивај вести на Viber

Во последните неколку години, во Јадранот се појавиле над 50 нови видови риби, меѓу кои и две отровни – „риба балон“ (позната и како фугу) и рибата шкорпион. 

Според Бранислав Јаковљевиќ од Јавниот аквариум и тропикариум, овие риби се сметаат за инвазивни видови кои се шират во потопли води, вклучително и Јадранот.

Фугу рибата, иако не е со бодли како азиската верзија, веќе ја ловат рибари, но се уште не е позната за пошироката јавност. 


Рибата шкорпион е особено опасна – нејзиниот убод предизвикува исклучително силна болка, а третманот вклучува потопување на местото во многу жешка вода заради неутрализирање на термолабилниот отров.


Иако не се сите инвазивни видови отровни, тие го загрозуваат локалниот екосистем. Пример се американскиот патуљест сом и црвеновратите корњачи кои ја потиснуваат домашната фауна.

 Јаковљевиќ апелира на внимателност, но и на информираност, бидејќи не секоја нова риба е опасна – но знаењето е најдобра заштита. Дел од плажите во Црна Гора се затворени, бидејќи нема посетители, кои се плашат за својата безбедност. 

Извор: Mondo / Unsplash / Wikipedia