Сладок вкус, горка цена: Дали некој ги контролира цените на овошјето?

Цените на овошјето ова лето достигнаа рекордни нивоа низ цела Македонија, при што особено внимание привлекуваат праските, чии цени во некои маркети се искачија до неверојатни 300 денари за килограм.
Граѓаните со неверување гледаат на ценовниците во супермаркетите, каде што сезонските овошја, кои традиционално биле пристапни за широката популација, стануваат сè поскапи. Праските, кои се сметаат за еден од симболите на македонското лето, годинава се претворија во луксуз за многу семејства.
Од друга страна, на зелените пазари цените се значително пониски – од 60 до 80 денари за килограм. Високата цена на праските се препишуваат на трошоците за транспорт, горивото и маржите, особено кај трговските синџири и маркетите.
Големата разлика во цената меѓу пазарите и маркетите се должи на долгите синџири на дистрибуција и профитните маржи на големите трговци., сметаат експертите. Дополнително, увозните овошја често добиваат приоритет во маркетите, што уште повеќе ја подигнува цената на домашните производи.
Потрошувачите, пак, се принудени да бараат алтернативи или да се вратат на традицијата – директно купување од земјоделци или пазарење рано наутро, кога изборот и цените се најповолни.
Женски магазин на терен ги провери цените на овошјето конкретно на праските чија цена е со невројатно голема разлика во однос на онаа која може да се најдат на пазарите.
Фото: Женски магазинРЖМ - Г.Д.Г




















