„Повелете, купете си пасош со кој може да патувате низ цел свет и без виза“: Оваа држава го продава своето државјанство - еве кои се условите

Добивај вести на Viber

Островската држава Науру, која е трета најмала држава во светот со површина од само 21 km², започна да го продава своето државјанство. 

Иако звучи како можност за „златен пасош“, причината зад оваа одлука е трагична — државата се соочува со сериозна опасност од исчезнување поради климатските промени.

Пасошот чини околу 90.000 евра, а средствата ќе се користат за преселување на околу 90% од 12.500 жители на повисоки и побезбедни предели. 

Науру е силно погоден од порастот на морското ниво, бури и ерозија на брегот, а државата нема доволно финансии за да се заштити.

Пасошот овозможува безвизен влез во 89 земји, меѓу кои се Велика Британија, Хонг Конг и Сингапур. Сепак, се предвидува дека малкумина од купувачите ќе го посетат островот.


Во првата година, програмата се очекува да донесе околу 5,6 милиони долари, а во иднина до 42 милиони долари – што би претставувало речиси 19% од вкупните државни приходи.

Процесот на аплицирање ќе биде строго контролиран. Лица со криминално досие, како и граѓани на „ризични земји“ како Русија и Северна Кореја, нема да имаат право на државјанство.


Науру следи пример од земји како Доминика, кои одамна го користат овој модел за справување со климатски и економски предизвици.

Извор: EUpravozato.mondo.rs