Празник посветен на мајките: Ако сакате децата да ви бидат добри, денеска направете го ова

Добивај вести на Viber

Светиот великомаченик Прокопиј, чие светување се празнува на 21 јули, живеел во времето на најсилните прогони на христијаните под царот Диоклецијан.

Роден како Неание, тој по татко бил христијанин, но по мајка – многубожец. На почетокот и самиот бил незнабожец и служел како војвода во Александрија. 

Сѐ се променило кога за време на силна бура слушнал небесен глас и видел блескав крст – визија што го преобратила.

Оттогаш, Прокопиј го прифатил христијанството и отворено ја исповедал верата. Кога мајка му го повикала да принесе жртва на римските богови, тој одбил, по што го пријавила кај царот. 

Прокопиј останал непоколеблив во верата, за што бил затворен, мачен и најпосле погубен со меч во 303 година во Кесарија.

Преданието вели дека заедно со него биле мачени и дваесетина девојки што се обратиле во христијанство, а Прокопиј ги охрабрувал да ја прифатат смртта како духовна свадба. Поради тоа, се споменува и во обредите на христијански венчавки.