Од игра до уредност : како децата да створат навики за ред и хигиена?

Кога станува збор за чистење, најчесто го замислуваме како обврска што возрасните мора да ја завршат, а децата да се држат подалеку за да не пречат или за да не се извалкаат.
Но, дали мора да е така? Напротив – децата можат да бидат најдобрите мали помошници во домот, ако им се пријде на вистински начин. Клучот е да се претвори редот и хигиената во игра, а чистењето во забавна и креативна активност која им влева важни животни навики.
Зошто е важно децата да се стекнат со домашни навики?
Навиките за ред и хигиена не се стекнуваат преку ноќ. Колку порано децата научат дека собата, играчките и домот треба да се одржуваат чисти и средени, толку полесно тие правила стануваат дел од нивната секојдневна дисциплина.
Овие мали активности го градат чувството за одговорност, самостојност и почитување кон заедничкиот простор. Родителите се секогаш пример за најмалите, и познато е дека децата ги имитираат постапките на своите родители – кога ќе видат дека и мама и тато средуваат со позитивен став, децата многу полесно ја прифаќаат работната обврска која потоа ќе им се претвори во навика.
Дајте им едноставни и јасни задачи – наместо „среди ја собата“, кажете „стави ги коцките во кутијата“ или „постави ги чевлите во плакарот“. Секоја мала помош заслужува пофалба – така децата чувствуваат дека нивниот труд вреди и со радост ќе продолжат со средувањето и чистењето. А ако направите фотографија „пред и потоа“, ќе бидат уште погорди кога ќе ја видат разликата.
Предлози за игри
Внимавајте децата да не дојдат во контакт со средствaта за чистење, а додека помагаат – секогаш нека бидат заштитени и под ваша грижа.
· Натпревар „Кој ќе собере повеќе?“ – детето добива мала корпа и задача да собере играчки. Победник е оној кој најбрзо ќе ја наполни корпата.
· Музичко чистење – се пушта весела песна и им се дава време на децата додека трае музиката да средат одреден дел од собата.
· Кутија за супер-херои – една голема кутија каде што играчките „се кријат“ кога завршува денот после играње . Секое враќање е „успешна мисија на херојот“.
· Мисија за принцези – барбикитеимаатгламурозна модна ревија, а задачата на вашата мала принцеза е да ги нареди убаво барбиките на полиците за да бидат подготвени за настанот. Пред да ги нареди, избришете ги полиците со мултифункционалниот спреј THE PINK STUFF и меките магични крпи за заеднички да организирате блескава модна ревија.
· Тајна мисија – родителот им дава „кодирана порака“: „Мисија 007 – сите испрани чорапи да се вратат во фиоката!“.
Чистењето со вашите деца не мора да биде борба – може да стане игра во која се учи дисциплина, соработка и љубов кон уредноста. Со вистинска креативност и заедно со производите за чистење Denkmit достапни во dm, метлата станува волшебна, а сунѓерот и крпата – весели алатки против нередот. И што е најважно – децата растат со вредности за хигиена кои ќе им користат цел живот.
*ПР објава