100-годишна бабичка имаше една неостварена желба: Цел живот работела чесно, а сега за роденденот полицијата ѝ приреди неверојатно изненадување

Џин Бикетон, која наполни 100 години, ја исполни својата најголема роденденска желба: да биде уапсена од полицијата, пишува Дејли Мејл.
Цел живот чесно живеела и никогаш не била во неволја со законот. Џин отсекогаш се грижела за болните, работела како медицинска сестра со децении, вклучително и во војската за време на Втората светска војна.
Како што се приближуваше до својот стоти роденден, нејзините сограѓани ја искористија можноста да ѝ исполнат една од животните желби. Имено, Џин викендов го прославувала роденденот со своите пријатели кога ја посетиле полицајци од полициската станица Мое во станбениот објект за стари лица Наракан Гарденс.
„Никогаш во животот не сум бил уапсена. Никогаш не сум била пијана, никогаш не ми ја одзеле дозволата, никогаш не сум имала прекршоци“, изјави Џин за Daily Mail Australia.
Неверојатно роденденско изненадување
Таа рече дека полицајците ѝ ставиле лисици при лажното апсење.
„Бев изненадена бидејќи беа прилично фини“, рече таа.
Џин потоа била придружувана до полициско возило паркирано пред домот за стари лица. Таа откри дека тоа бил еден од најдобрите родендени што некогаш ги имала и им се заблагодари на локалните полицајци што ѝ го разубавиле денот.
Полицијата на Викторија на својата Фејсбук страница напиша дека со задоволство ѝ помага на Џин да прецрта уште една работа од списокот на желби.
„Среќни сме да спроведуваме вакви апсења. Ѝ посакуваме прекрасен 100-ти роденден!“, се вели во нивната изјава.