Тајната во срцето на битолското село Дихово, идеална за летните горештини: Ако не сте биле на Капејнци, ова лето направете го тоа!

Добивај вести на Viber

Македонија крие бројни природни убавини, дел од кои остануваат познати само на локалните жители или љубителите на недопрената природа. Едно такво место, кое сè уште ја задржува својата автентичност и мир, се наоѓа над битолското село Дихово. Локалците го нарекуваат Капејнци, но живописно излетничко место кое станува сè попопуларно во летните горештини.

View this post on Instagram

A post shared by Pelister National park (@pelisternationalpark)

Сместено во пазувите на планинскиот предел, Капејнци претставува природен водопад со длабок вир во коритото на реката Драгор. Местото нуди совршено природно разладување, особено за оние кои добро го познаваат теренот и бараат бегство од градската жештина – и тоа без трошок.

View this post on Instagram

A post shared by Bitola.Info (@bitola.info)

Според податоци и сведоштва на постарите жители, Капејнци било вистинска атракција средината на минатиот век. Посетителите пристигнувале, но со капење не започнувале пред 11 часот – додека не изгреело сонцето и барем малку не се затоплела ладната планинска вода.

Интересен е и неформалниот „закон“ што важел во тоа време: поради екстремно ниската температура на водата, во вирот смееле да влегуваат само повозрасните, додека помладите останувале само како гледачи – веројатно стравувајќи од студот кој длабоко „сече“.

Денес, Капејнци останува автентичен и природен рај за љубителите на алтернативен туризам и локални излети. Без туристички содржини и комерцијална инфраструктура, овој мал водопад е вистинско место за оние кои сакаат мир, природа и освежување – како некогаш, само со шепотот на водата и зеленилото околу себе.

View this post on Instagram

A post shared by North Macedonia ⎷ (@northmacedonia.mk)

Фото: Инстаграм
РЖМ