Македонскиот архитект кој го изгради ПРВИОТ СОВРЕМЕН ОБЈЕКТ во Европа: Човек од иднината, го градеше Скопје по земјотресот и не штедеше зборови за „Скопје 2014“

Добивај вести на Viber

По магистрирањето на Јеил се вратил во Скопје, во 1965 година кога скоро целиот град бил разурнат до темели. 

Иако млад, сепак признаен архитект, тогаш младиот м-р по архитектура Георги Константиновски добил задача да го проектира тогашниот Архив на Скопје. Млад, полн со знаење но и амбициозен. 

За една ноќ го завршил проектот и ја направил макетата. Но и покрај добрата соработка на почетокот, од тогашните надлежни добива понуда објектот да се гради на среде плоштад. На што, тој, веднаш се спротиставил бидејќи бил свесен дека тој објект не е за на плоштад, туку за некоја периферија. 

На крајот успеал да ги убеди властите, објектот да не го градат на плоштад, туку му понудиле тој самиот да избере локација. Тој го избрал Тафталиџе, каде што и ден денеска се наоѓа Архив на Скопје, како еден од првите капитални објекти изградени по земјотресот. 

Набргу овој објект го предизвикал вниманието на тогаш југословенската, но и европската јавност пошироко и бил прогласен за прв современ проект на европската почва, за што ги добил сите можни награди. 

Потоа го проектирал и студентскиот дом „Гоце Делчев“. Идејата ја добил врз база на еден киоск, како да ги поврзе спалните соби. Зградата е составена од 4 блока, поврзани со мостови. И за овој проект, добил врвни награди. Во Скопје изградил уште два капитални објекти за кои добил признание и награди. 

Како професор на Архитектонскиот факултет во Скопје, проф. д-р Георги Константиновски ги ставил темелите и на високото образование. Доживеа длабока старост, но она што како архитект најмногу го трогна во неговиот живот, беше токму проектот „Скопје 2014“ за кој изјави дека 

Скопје 2014 е рефлексија на целосната примитивност на водечките личности во современата политика. 

Георги Константиновски остави неизбришлив траг во македонската историја и покажа дека интегритетот и стручноста секогаш излегуваат на површина и покрај големиот талог на современието во кој денеска живееме, пред сѐ во време кога владее кичот и профитерството. 

Магдалена Стојмановиќ - Константинов