Од Преспа, преку Демир Капија до Тресонче: Природни феномени што ќе ве остават без здив

Иако мала по територија, Македонија изобилува со уникатни природни феномени кои потсетуваат на некои од најекзотичните локации ширум светот. Од школки налик на оние од Малдивите, преку кактуси што наликуваат на пејзажи од Мексико, до пеперутки со боите на Колумбија – сето тоа може да се најде токму тука, во срцето на Балканот.
Во Демир Капија, „Долината на кактусите“ изненадува со разновидноста на кактусни растенија што ретко се среќаваат во овој дел од Европа.
А во живописното село Тресонче, сместено во мијачкиот крај, секоја пролет и лето се случува вистинско чудо на природата – масовна појава на пеперутки во неверојатни бои и форми.
На социјалните мрежи се споделува видео од Тресонче во кое корисничката на профилот напишала „прекрасно чудо на природата“:
„Шетајќи се по Мијачијата, не можев а да не ви ја споделам оваа убавина која сѐ поретко ја гледам/е. Ова прекрасно чудо на природата - ПЕПЕРУТКА. Распослана убавина ширум патеката по која чекоревме. Го пратеа секој наш чекор, разиграни во различни бои“.
Овие феномени не само што се биолошки значајни, туку се и од големо туристичко и културно значење за земјата. Македонија останува скриен бисер со потенцијал за еко-туризам и автентично природно доживување.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук/ Фејсбук-група Патувања низ МакедонијаРЖМ - Г.Д.Г