„Се слушале морничави крици, лелекања и злокобни шепотења“ Запознајте ја најмрачната мистерија на Црногорското море

Добивај вести на Viber

На прв поглед, Мамула изгледа како идилично острово на влезот во Бококоторскиот залив, но зад неговите камени ѕидини се кријат приказни за страдања и ужас. 

Иако денес е познат по кристално чистото море и убавите пејзажи, островот носи тешка историја, особено од времето на Втората светска војна.

Изградено во 19 век како австроунгарска тврдина за одбрана на заливот, Мамула за време на италијанската окупација била претворена во логор. Во него биле затворани цивили од Црна Гора, Бока и Далмација – мажи, жени и деца. 


Преживеаните сведочат за глад, измачувања и нечовечки услови. Иако точниот број жртви не е познат, се смета дека стотици луѓе поминале низ логорот, од кои многумина не преживеале.

По војната, тврдината била напуштена, а островот со години добивал статус на „проклето место“. Многу рибари и туристи велат дека чувствуваат непријатност додека минуваат покрај него, а локалните легенди зборуваат за таинствени звуци, плач и шепотење што се слушаат ноќе.


Контроверзи предизвикаа обидите Мамула да се претвори во луксузен туристички ризорт. Потомци на жртвите и историчари бараат островот да остане меморијално место, а не комерцијална дестинација.

Во 2014 година таму е снимен хорор филмот Mamula (Nymph), инспириран од митовите и мрачната атмосфера на тврдината, што дополнително ја засили мистичната репутација на ова уникатно место во Црна Гора.

Фото извор: Википедиа / Freepik