„Мајка организирала роденден на кој никој не се појавил“: Беше со дијагноза - аутизам и скршено срце, а сега солидарни родители му приредуваат роденден од соништата

Леон е дете на 12 годишна возраст, на кој му била поставена дијагноза за атипичен развој. И покрај скепсата на лекарите за тоа кои функции во иднина ова момче ќе може да ги обавува, упорноста на неговите родители се исплатела.
Денеска Леон е вербален, полн со разбирање и емпатија и миленик во своето опкружување, особено помеѓу децата.
Но не било секогаш така, пред само две години, мајка му на Леон му организирала забава за роденден, поканила многу дечиња. Но за жал, скоро никој не се појавил.
Дошла само една негова другарка. За Леон дури и таа била доволна да му предизвика радост и насмевка на лицето. Сите други го игнорирале повикот. Детското срце на Леон кое поминало низ дијагнози и тешки терапии, многу тешко го прифатило ова.
-На неговиот 10-ти роденден, во 2023 година, кога веќе немаше ковид-ограничувања, решивме да го прославиме на поинаков начин – повикавме другарчиња од неговото одделение. За жал, дојде само едно неговата другарка. На видеото Леон е во дворот кај дедо му, во исчекување. Седи, гледа во часовникот, а околу него празни столчиња. Го чекаше секое дете, а не дојде никој друг, вели за „Женски магазин“ неговата мајка Амела Мемиш Апостоловска.
Сепак успеала да го смири и да му даде објаснување дека проблемот не е во него, туку е многу подлабок. Но од тој момент и двајцата знаеле дека никогаш во животот Леон веќе нема да слави роденден сам.
Оттогаш секоја година токму неговата мајка, со сите свои сили и контакти се труди да му организира голема забава на која кани многу дечиња и на познаници и пријатели, но и на сосема непознати луѓе.
Ништо не е проблем вели, толку голем, како самотијата. Кога луѓето се солидарни и заедно, не постои проблем, проблемите се во нашата глава.
Овој, за него 12ти роденден, се организираат голем број родители, пријатели на неговите родители и другарчиња, голема роденденска забава на отворено, на која секој носи што има, а најмногу од сѐ своето присуство и еден час од своето време кое на едно дете кое немало среќно минато, да му создадат убави спомени и да му дадат светло кон иднината. На 17 август, се организира голем инклузивен настан по повод роденденот на Леон.
-А оваа година, 2025, додека се посветувам на родителите и децата низ Македонија, повторно ми се појави тоа исто видео. Како потсетник. А Леон денес разбира многу повеќе од претходните години, вели Амела.
Затоа одлучила неговиот роденден да не биде обичен ден, туку настан, кој ќе го посвети на сите луѓе кои имаат проблеми и да ги потсети дека не се сами и дека никогаш не треба да се воздржуваат да побараат рака и поддршка.
Магдалена Стојмановиќ - Константинов