Овој српски пејач ги обожава македонските вокалисти: „Без македонската енергија сцената е празна“

Српскиот рок-пејач и член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, не крие дека има голема симпатија кон Македонија и македонските музички таленти.
Во неколку интервјуа низ годините, Давид отворено зборувал за неговата почит кон македонската публика, култура, но особено – кон македонските пејачи.
Често може да се види како настапува заедно со Славица Ангелова и Александар Јосифовски, двајца талентирани уметници чиј ментор беше токму тој во рамки на „Ѕвездите на Гранд“.
На вчерашниот концерт во Ратково, Србија, Ѓорѓе Давид ги најави како специјални гости „од Македонија“ и им се заблагодари за нивната енергија и придонес на сцената.
На неговата листа на омилени македонски таленти се наоѓа и младата Андријана Петрушовска, која јавно истакна дека Ѓорѓе Давид ѝ е како татко и дека токму тој ѝ помогнал да го изгради не само вокалниот капацитет, туку и самодовербата на сцена.
Ѓорѓе Давид останува една од најгласните поддржувачи на македонските изведувачи во регионалните шоуа, градејќи мост на пријателство и почит меѓу музичките сцени на двете земји.
М.С.К