Бог ѝ испрати утеха: Мајка на починато дете, доби знак од небото – Срцепарателен момент од кој ќе ве полазат морници (ВИДЕО)

Нема зборови што можат да ја опишат празнината, нема болка и тишина, кога една мајка ќе го изгуби своето дете. Тоа е рана што никогаш не зараснува, туку тлее – секој ден, секој миг, во секое дишење.
Мајката носи живот, расте со секој детски чекор, живее низ неговите насмевки, стравува во неговите болки. Кога чедото ќе замине пред неа – природниот ред се руши. Светот престанува да има смисла, а времето како да застанува.
Таква една судбина доживеала мајка од Грузија, која со силната верба во Бога пронашла утеха .
На инстаграм профилот „Верник праволсавен“, споделено е видео на кое мајаката стои во црквата за време на молитва, додека на нејзината глава стои бел гулаб.
Во описот на видеото стои:
„Господ е
близу до оние со скршено срце.“
– Псалм 34:18
Оваа снимка е направена во еден од манастирите во Република Грузија. По смртта на
нејзиното дете, за време на молитва – се појави бел гулаб.
Во христијанската традиција, белиот гулаб најчесто се поврзува со: Светиот Дух, мир, надеж, чистота и невиност.
Кога станува збор за мало дете што починало, појавата на бел гулаб – особено во црква, на погреб или на спомен - ден – често се доживува како знак од небото. Луѓето го толкуваат како:
Симбол на детската душа – Бел гулаб што влегува во црква или слетува во близина често се верува дека ја претставува душата на детето, која е чиста и светла, безгрешна, како што учи Црквата.
Пратеник од небото – Верувањето дека Бог испраќа утеха преку знаци. Гулабот како небесен гласник доаѓа да каже дека детето е на мирно, свето место.
Потврда за небесен мир – Појавата на бел гулаб во тежок момент може да се доживее како потсетник дека иако болката е огромна, душата на детето е со Бога и дека неговата невиност е веднаш примена во Божјото царство.
Детска невиност и рајска чистота
Според христијанската вера, малите деца се безгрешни и нивната душа е чиста – „ангелска“. Затоа, нивната смрт, колку и да е болна, се гледа и како директно враќање „во Божјата прегратка“.
Кога бел гулаб се појавува во таков контекст, тоа често предизвикува солзи, но и тивка утеха – како да некој одозгора сака да каже:
„Јас сум добро. Со светлина сум. Љубовта останува меѓу нас.“
Фото: Принтскрин/ ИнстаграмРЖМ