„Генерации Украинки живеат без тироидни жлезди“ - Раѓаат деца, имаат лактација, а причината е УЖАСНА

На 26 април 1986 година, во 01:23 часот по локално време, експлозија во четвртиот реактор на нуклеарната централа во Чернобил, Украина, предизвика една од најголемите технолошки катастрофи во историјата на човештвото.
Реакторот, кој експлодирал за време на тест за безбедност, исфрлил огромна количина радиоактивен материјал во атмосферата, кој се проширил над голем дел од Европа.
Неподготвеноста на властите, доцнењето во евакуацијата на населението, како и обидите за прикривање на размерите на несреќата, резултирале со сериозни здравствени последици за стотици илјади луѓе.
Википедиа
Најпогодени биле жителите на Припјат и околните региони, меѓу кои и голем број жени кои биле изложени на високи нивоа на радиоактивен јод.
Последиците по здравјето биле катастрофални – многу жени развиле болести на тироидната жлезда, вклучувајќи карциноми и хронични воспаленија.
Поради тешките компликации, на голем број од нив им била хируршки отстранета тироидната жлезда, што ги принудило доживотно да примаат синтетички хормони за регулирање на метаболизмот и останатите телесни функции.
Иако од катастрофата поминаа децении, последиците и понатаму се чувствуваат – и по животната средина и по здравјето на генерации кои допрва растат.
Чернобил останува симбол на човечка грешка, но и на предупредување за потребата од одговорно управување со нуклеарната енергија.