4 години затвор за независната новинарката од Кина која известуваше од Вухан
Независната
новинарка Занг Зан е
осудена на четири години
затвор за известување среде првичната епидемија на коронавирус во Вухан, Кина.
Властите веруваат дека со извесувањето, таа придонела за ширење паника и предизвикување расправии, објави klix.ba.
Занг Зан во февруари пристигна во Вухан, за да извести за избувнувањето и ширењето на вирусот ковид-19, во време кога властите се обидуваа да го спречат влијанието на приватните и државните медиуми.
После тоа, таа целосно се повлече во мај, но подоцна беше идентификувана во Шангај, каде беше пронајдена и уапсена.
Таа е обвинета за кривично дело наметнување кавги и предизвикување проблеми, што обично се користи за мета на новинари и активисти за човекови права.
Занг е првата новинарка за која се знае дека е осудена за нејзината улога во известувањето за пандемијата на коронавирусот, пишува Си-Ен-Ен.
Фото: Tanjug/AP Photo/Kin Cheung