А1 Македонија продолжува да поставува нови стандарди за дигитално живеење

Добивај вести на Viber

Во годината кога А1 Македонија одбележува шест години од воведувањето на брендот, компанијата продолжува да инвестира во создавање извонредни дигитални искуства. Со визија за дигитална иднина која е поедноставена, поврзана и флексибилна, А1 денес го претставува унапреденото и ново A1 Comboпортфолио, но сега сонови функционалности што го прават побогато од кога било досега. А1 го претставува и новото портфолио со тарифи за мобилни услуги A1 Alfa со збогатени можности во ултра популарниот и баран A1 Net Sef.

A1 Combo отсекогаш бил синоним за интегрирано дигитално решение, но со најновите надградби станува вистинска платформа за персонализирана комуникација, забава и поврзаност.

Со новите тарифи за мобилни услуги А1 Алфа корисниците ја добиваат уникатната можност зачуваниот интернет од услугата А1 Net Sef да го разменуваат со буџет за нов уред, за роаминг или за стриминг услуги, и тоа бесплатно засекогаш.A1 Net Sef прераснува во нова дигитална платформа каде корисниците на А1 се наградуваат за нивната лојалност,собираат GB во ултра популарниот A1 Net Sef , а потоа ги разменуваат за услуги согласно со нивните потреби. Корисниците на А1 Алфа кои се дел од A1 Combo пакет добиваат зголемени Combo попусти кои растат со бројот на линии кои се вклучени во пакетот.

“Нашата визија е јасна,  да создадеме дигитална иднина каде технологијата не е само алатка, туку партнер што ги ослободува можностите на секој корисник. Со унапредената понуда поставуваме нов стандард за персонализација, флексибилност и контрола, овозможувајќи им на корисниците да го креираат своето дигитално искуство без ограничувања. Ова е стратешки чекор кон поврзана, поедноставна и побогата комуникација за сите.  Досега, А1 Македонија ги потврди своите амбиции со континуирани инвестиции во врвни технологии, прва воведе 5G мрежа во земјата и развивме решенија што ги менуваат навиките на корисниците. Нашата посветеност е да бидеме први во донесувањето иновации што го трансформираат начинот на комуникација и забавата, и тоа ќе продолжиме да го правиме. А1 Македонија ќе остане лидер во иновациите, носејќи решенија кои го менуваат начинот на кој живееме и комуницираме, “изјави Методија Мирчев, Главен извршен директор на А1 Македонија.


Новите функционалности на A1 Combo се дизајнирани да одговорат на секојдневните навики, интереси и очекувања на современиот корисник. Сега, секој има можност сам да избере која стриминг услуга ќе биде дел од неговиот пакет и да избере Netflix, HBO Max, SkyShowtime или Gley и уште поважно, може да ја менува таа услуга секој месец, во согласност со актуелните содржини достапни на секоја од платформите. Освен стриминг услуги, бесплатно следуваат и ТВ пакети, а нивниот број зависи од тарифниот модел кој корисникот ќе го избере.

„Со новата понуда А1 оди чекор понатаму претворајќи се во вистинска платформа за поддршка на очекувањата на корисниците во дигиталното време. Централно место имаат персонализацијата, каде секој корисник може да си ја прилагоди понудата на своите потреби и очекувања, како и лојалноста на корисниците која со новото портфолио доаѓа во фокус, бидејќи бенефитите кои ги добиваат корисниците континуирано растат. Сето тоа е овозможено преку комплетно дигитално искуство во рамки на мобилната апликација Мојот А1 достапна бесплатно за сите А1 корисници “, изјави Елена Панова, директорка на маркетинг и дигитална трансформација во А1 Македонија.

Со ова збогатување на портфолиото, А1 Македонија уште еднаш докажува дека останува движечка сила на дигиталната трансформација, со јасна мисија да создава решенија што се едноставни, моќни и вистински релевантни за современиот начин на живот.

Повеќе информации за септемвриската промоција можете да најдете на www.a1.mk

*ПР објава