Ако не го потпише, ќе се разделат: Детали за предбрачниот договор на Џенифер Лопез со нејзиниот вереник

Поп дивата Џенифер
Лопез и нејзиниот вереник Алекс Родригез ја откажаа венчавката поради коронавирусот,
а сега се појавија деталите за предбрачниот договор за кој многумина останаа вчудени.
Имено, според таблоидот „Woman's Day“, една од причините што ја ставија венчавката во мирување е обемниот предбрачен договор. Сепак, тој е причина за нови, големи падови во врската на латино дивата и поранешниот бејзбол играч, кој е шест години помлад од неа. Покрај тоа, пејачката е подготвена да ја прекине врската доколку нејзиниот избраник одбие да го потпише договорот составен од нејзините адвокати.
- Предбрачниот договор многу ги раздели и тие често се караат. Џенифер е подготвена да го нарече Алекс измамник и да го остави ако одбие да потпише - откри извор близок до славната двојка.
- Проблемот е во тоа што и двајцата се навикнати да бидат со помалку познати и богати луѓе и очекуваат другата страна едноставно да се согласи на сите нивни барања - додава изворот.
- Џенифер го тера Алекс да потпише „клаузула за неверство“. Во тој случај, ако ја изневери, ќе мора да плати неверојатни 250 милиони долари! Неговите адвокати инсистираат да се бори. Затоа односите во нивниот дом не се најдобри во последно време - заклучува изворот.
Фото: Ројтерс
Можеби ќе ве интересира:
Се запознале на паркинг, ѝ се јавил уште истата вечер: Љубовната приказна на Џенифер Лопез и Алекс Родригез