Александра Пријовиќ првпат по породувањето – го прослави роденденот и трогна со песна за баба ѝ - ВИДЕО

Добивај вести на Viber

Александра Пријовиќ вчера го прослави својот 30-ти роденден во кругот на најблиските, а емоциите го преплавија ресторанот кога пејачката реши да запее.

Во ресторан полн со љубов и музика, Александра ја изненади баба ѝ со песната што таа прва ја научила да ја пее. Додека ја гушкаше најважната жена во својот живот, пејачката не ја криеше радоста и благодарноста за сè што научила од неа. „Баба ми е мојата најголема поддршка и инспирација“ – изјави Пријовиќ за оваа специјална прилика.

Покрај баба ѝ, со неа беше и сопругот Филип Живоиновиќ, кој нежно ја држеше во прегратка, покажувајќи дека љубовта и семејството се нејзината најголема сила. Ова е и првото јавно појавување на Александра по породувањето и раѓањето на ќерката, што ја направи вечерта уште повпечатлива.

Роденденот на Пријовиќ не беше само свеченост, туку вистинска семејна бајка – со музика, спомени и искрени емоции што ја трогнаа целата публика.


View this post on Instagram

A post shared by 24sedam.rs (@24sedam.rs)



РЖМ/ИС - ФОТО: Инстаграм принтскрин