Андријана Јаневска е горда мајка: Помалиот син исто како мајка му - голем виолинист

Добивај вести на Viber

Андријана Јаневска е мајка која треба да се гордее. А, и со право.

Нејзиниот помал син, Кристијан е повеќе од сигурно дека ќе ја наследи мајка си по талентот во музиката.

Македонската пејачка и музичарка, преку социјалните мрежи објави колку е горда на синот, споделувајќи фотографија од него како свири виолина во музичкото школо „Илија Николовски Луј“.


„Горда мајка на мојот голем виолинист, Кристијан Гиновски“ - напиша пејачката на Фејсбук.

Гените во музиката Кристијан ги наследил и од татко му Драган кој исто така е познат музичар.

Андријана и Драган работат во музичкото студио „Гиновски“, каде улогите им се поделени, имаат сличен вкус за музика, филмови и книги. Двајцата се родољуби кои ја сакаат Македонија. Љубители се на природата и животните. 

Драган Гиновски – Гино (56) по ообразование е инженер по металургија, по професија - рок гитарист, аранжер, продуцент, мајстор за репарација на музички инструменти

Андријана Јаневска (41) е доктор на науки, професор на Универзитетот Св.Кирил и Методиј, Факултет за музичка уметност и пејачка.

Во една прилика Андријана за Женски магазин откри делови од нивната љубовна приказна и брачниот живот.