Антониа Гиговска открива: Сексапилот помага во професијата, но...

Добивај вести на Viber

Ако на светската сцена со својот сексапил доминираат Ријана и Мајли Сајрус, на македонската тоа е Антониа Гиговска. Сексапилноста е битно оружје на секоја жена, особено ако се занимава со јавна професија. Според нашата млада и успешна пејачка со извонредните гласовни квалитеи, која ниже хитови, секој артист си е своја приказна.

-Сексапилот може да помогне во професијата, но само ако имаш музика во себе. Мислам дека ретко кој успеал само со сексипил. Ако душата не ти пее, џабе е сексапил. Тој што ќе успее да ги вклопи двете работи кои ги има во себе, тогаш е моќен од секој аспект – вели Гиговска за која стилот на облекување ѝ е битен од секој аспект. 

-Секој артист треба да има и слика и тон. Секој артист треба да е пакет. Најважно е да имаш тим позади себе, кој ќе се грижи и во делот за шминка и коса и во делот за стајлингот. Сепак артистот е најважната карика на сцената. На крајот од денот тој го носи сето тоа – појаснува пејачката.

Секое парче обелека има своја важност, но и порака. 

- Најчесто се облекувам како се чувствувам. Но, во 99 проценти од времето се облекувам како ќе ми биде наложено. Немам проблем со ништо, и не кажувам не. Тоа е мојот плус во делот на стајлингот. Пораката е дека никако не смееме да се плашиме од експериментирање и максимално да уживаме во тоа. Уметноста е широко поле, треба да научиме да излегуваме од својата комфорна зона – закчлучува Антониа.

С.А.Н