Животна училница // Приказни
Асан Даутовиќ со статус за случајот со силувањето на 11 годишното девојче во Косово
Пред неколку дена јавноста беше згрозена од информацијата дека во Приштина 5 мажи, од кои тројца малолетници седум часа, силувале 11 годишно девојче.
Откако се прошири веста, во Тирана, Приштина и Скопје се организираа протести во знак на осуда на насилството врз жените и девојчињата.
А некои граѓани својот револт за случајот го искажаа и со статуси на социјалните мрежи. Асан Даутовиќ кој на јавноста и е познат како PR менаџер на Здружението на готвачи на Македонија Гастромак и генерален менаџер на познат хотел објави статус кој наиде на поддршка од неговите следбеници, но и од пошироката јавност. Неговата објава ви ја пренесуваме во целост:
„Се случи и ова и тоа во соседно Косово.
5 млади силувале 11 годишно девојче 7 часа.
Мислам дека е крајно време тие што се родители да размислат како ги едуцираат своите деца, колку се отворени со своите деца да разговараат за најнормални работи околу таа "ТАБУ" тема "СЕКС". Да им се објасни што е тоа пенис (к*р) , вагина (пи*ка) , клиторис, задник (г*з) , гради (ци*ки), тестиси (мади*а), сперма и други работи кој што сигурно сте ги изговориле пред децата, а они демек не ги слушнале или виделе.
Во денешно време е најлесно да едуцираш дете, тупни му телефон или таблет пред него и пуши го нека гледа сам нека ги научи овие работи, дали бре сваќате дека си ги оглупувате децата.
Кај се бре тие мајки од порано од времето на ќотекот и седењето во ќош на соба под казна. Каде е шамарот од наставникот или професорот од школо да ти зуи уше три дена, па и не смееш да кажеш дома оти ќе изедеш уште еден шамар. Кај се тие наставници и професори, предмети кој што објаснуваа на најлесен начин што како. Не џабе старите рекле "ЌОТЕКОТ Е ИСКОЧЕН ОД РАЈОТ"
Ајде сега размислете каде е вината за овој чин дали е кај децата или кај вас родителите.
Извинете што морав да бидам малку груб во дирекниот начин на пишување и изразување оти јас немам срам за ваков начин на комуникација со никој па дури немав страм ни со татко ми но ни со мајка ми немам“.