Македонската фолкерка ужива на Медитеранот: Патување што го посакува секој!
Македонската фолк пејачка Сања Цинцева, позната и под уметничкото име Сања Барби, изминативе неколку дена е на патување низ Италија, каде максимално ги користи летните денови за одмор и полнење батерии.

Сања отпатувала на Сицилија, најголемиот остров во Средоземното море, каде што, како што споделува на социјалните мрежи, ужива во совршен баланс меѓу шопинг, прошетки и релаксација на плажа.

Пејачката објави неколку фотографии од своето патување, на кои може да се забележи насмевка што кажува дека ѝ годи промената на амбиентот.

„ Животот е убав, само треба да знаеш како да уживаш. Ве поздравувам од преубавата Сицилија“, напиша Сања на една од објавите.
Пејачката со ова патување покажува дека знае како да најде време и за себе – далеку од микрофонот и настапите.
Фото: Инстаграм/ФејсбукРЖМ