Беше икона на убавината во 90-тите, мажите сакаа да бидат со неа, жените сакаа да бидат како неа: Денес не би ја препознале
Елизабет Беркли е најпозната по улогата во филмот Showgirls од 1995 година, кој ја направи икона на убавината и ја паметат многу генерации. Таа по долго време беше видена во јавноста и речиси многумина воопшто не би ја препознале.
Актерката Елизабет Беркли стана позната во средината на 1990-тите со филмот „Showgirls“ кога публиката ја почести со една од најпровокативните сцени во историјата на кинематографијата.
Елизабет ја играше улогата на Наоми, девојка која доаѓа во Лас Вегас и станува една од главните забавувачи во градот на коцкањето и промискуитетот. Сцените во кои води љубов во базен, како и оние во кои танцува околу стриптиз барот и донесоа статус на секс симбол, но и ѝ ја запечатија кариерата.
Поради контроверзниот филм кој беше отфрлен од критичарите, Елизабет доби две Златни малини во 1995 година, награда која ниту една актерка не сака да ја добие. Таа беше избрана за најлоша актерка на светот и најлоша дебитантка, а критичарите и порачаа дека убавиот изглед не е единственото нешто што е потребно за успех во Холивуд.
После тоа постигна уште неколку незабележани улоги и денес ретко се појавува во јавноста, а папараците сега ја уловија како се шета во Лос Анџелес, а на фотографиите не е лесно да се препознае.
Денес, 50-годишната Елизабет неодамна очигледно качила некој килограм вишок, кои вешто ги крие на социјалните мрежи.
Не сме навикнати да ја гледаме вака опуштено, без шминка и гламурозни алишта, а изгледа и не очекувала дека некој ќе ја фотографира.
Таа изгледаше навистина поинаку пред две години, кога ги сними новите епизоди од серијата „Спасена од ѕвоното“ во која ја започна својата кариера како Џеси Спано, но поради слабата гледаност, шоуто беше откажано по две сезони.
Фото: Профимедиа
Извор: женаблиц