Безвременско поместување на сетилата со Божиновски и Longines

На спортскиот аеродром во Скопје, Божиновски часовници и накит во соработка со швајцарскиот бренд Longines приредија несекојдневна вечер под мотото „Кога стрелките се на нула, сетилата се на стотка“.
Настанот ја оживеа авијацијата, елеганцијата и прецизноста преку премиерата на колекцијата Longines Spirit Zulu Time – инспирирана од авантуристичкиот дух и глобалната синхронизација на времињата.
Гостите уживаа во акробатски летови на Јован Трајков, концерт на култниот бенд Фолтин, како и ексклузивен гастрономски кетеринг на Marriott. Атмосферата го претвори часовникот од обична мерка за време во симбол на незаборавен момент.Доживување што не припаѓа на една временска зона.
А како изгледа „нулта временска зона“?
Најдобро ќе ја почувствувате преку фотогалеријата од настанот.
*ПР објава



































