Бојана Баровиќ откри како ни во третата бременост не се здебелува + модни комбинации за трудници и нијанса на коса, хит за оваа есен (ФОТО)

Бојана Баровиќ и нејзиниот сопруг, пејачот Никола Роквиќ, го чекаат своето трето дете, а по ќерката Леона и синот Симеон, во нивниот дом пристигнува уште едно девојче. Манекенката често пишува за бременоста и родителството на социјалните мрежи, а многу следбеници ѝ даваат комплименти за нејзиниот изглед.
Бојана сега откри дека во ниту една од трите бремености не се здебелила многу, а главната причина е што не јаде брза и нездрава храна
„Често ме прашуваат како се дебелеам многу малку во бременоста, всушност толку колку што му треба на моето тело, а мојот одговор е од едноставна причина што јадам подобро и поздраво... Никогаш не сум го разбирала она килограм слатки дневно во текот на бременоста и слично... јас разбирам имаме „желби“.и останатото, но пред сè ова е време кога навистина треба да ги исфрлиме од исхраната штетните состојки и преработената храна... Иако во „регуларниот“ живот често си дозволувам нездрава храна чат-пат, во овој период тоа е навистина многу ретко.. Проблем не е самата храна, туку адитивите во форма на емулгатори, конзерванси, вештачки бои и адитиви (многу од нив во списокот на состојки почнуваат со буквата Е, иако некои од нив не се штетни, повеќето се, а некои се опасно штетни по здравјето), а докажано е дека многу влијаат на хормоните, дека се канцерогени итн.. Не ни сакам да размислувам што му прави на телото прекумерното количество од овие материи, а уште помалку што му прави на едно мало тело во нас.. Се труеме секако на многу невидливи начини, па барем од нас зависат овие видливите и напишани, да ги избегнуваме. Во оваа група на храна спаѓаат преработени јадења, слатки, грицки, разни лебови, намази и слично... А кога заради здравјето ги елиминираме повеќето од овие штетни состојки, резултатот не е само поздрав живот за нас и бебето, но и помала тежина“ - откри убавата мајка.
Имено дека изгледа супер докажуваат и нејзините фотографии на социјалните мрежи на кои често позира со тренди и удобни комбинации кои можат да послужат како инспирација за сите трудници. Покрај тоа доказ дека ужива во бременоста е и нејзината промена на боја на коса- медова, која е вистински хит за овој есенски период.