Божиќниот пост започнува од утре: Како да постите без да го загрозувате здравјето и имунитетот

Добивај вести на Viber

Кога исклучуваме месо и други производи од животинско потекло од исхраната, мора да обрнеме посебно внимание на исхраната и имунитетот, особено сега, во време на епидемија со коронавирус.

Бидејќи постот исклучува внес на месо и млечни производи и производи од животинско потекло, кои се најчестиот извор на протеини, но и други клучни хранливи состојки, не смееме да ги поминеме следните 40 дена на компир салата и џем и леб, туку треба да се осигураме дека телото продолжува да ги прима потребните витамини, минерали и други хранливи материи, особено затоа што епидемијата со вирусот корона е во полн ек.

Како можеме да се придржуваме на Божиќниот пост оваа година, истовремено зачувувајќи го здравјето и зајакнувајќи го имунитетот? Одговорот го даде нутриционистката Тања Бакраќ како гостин во РТС.

"Постот не треба да биде едноличен за да не се намали имунитетот и да се избегнат здравствени проблеми. Особено е важно да не се избегнува појадок. За време на постот, треба да земате храна што е свежа и содржи витамини, минерали и растителни влакна", посочи Бакраќ.

Ако постои опасност здравјето да биде загрозено со постот, верникот треба да го прекине постот (како болните, бремените жени и доилките).

Обрнете посебно внимание на внесувањето на витамини Д, Б12 и витамин Ц.

извор:stil.kurir.rs