Бремена сте? Време е да размислувате за храната што ја внесувате за вас и за малото срце во вас !

За време на бременоста телото се менува секојдневно, носејќи ја во себе магијата на нов живот. Со секоја промена – растат и потребите за нежна грижа и правилна исхрана – која не е само извор на енергија, туку и на љубов и сигурност што му ја подарувате на новото срце што чука во вас. Она што го храните во себе, го храните и во вашето бебе – темел за здрав, среќен и светол почеток на неговиот живот. Ви споделуваме неколку совети за конзумирањето на здрава храна и одржување на здрав женски ритам за време на вашата бременост.
· Овошје и зеленчук – шарени чинии полни со витамини, минерали и влакна кои ја поддржуваат и мајката и бебето.
· Интегрални житарки – овес, ‘рж, киноа или интегрален ориз за целодневна енергија.
· Протеини – посно месо, риба, јајца, мешунки и јаткасти плодови – за развој на ткивата и органите на бебето.
· Млечни производи – извор на калциум за здрави коски и заби.
Покрај органската dmBio храна, од особено значење се и неколку додатоци во форма на витамини и минерали како оние на Мivolis и кои треба да се дополнуваат во текот на бременоста за да го го јакнете вашиот имунитет и да му обезбедите здрав и силен почеток на животот на вашето бебе .
· Фолна киселина – за правилен развој на нервниот систем на бебето.
· Железо – за превенција на анемија и за повеќе енергија.
· Калциум и витамин Д – за здрав развој на коските и забите.
· Омега-3 масни киселини – за развој на мозокот на бебето и на видот
А најпрактично е тоа што сите овие производи може да ги најдете во вашата најблиски dm дрогерија.
Желбите за храна се нормални, но важно е да се прави разлика помеѓу моментален апетит и вистинска нутритивна потреба. Малите, чести оброци можат да помогнат да се избегне гадење и замор. Здрава и избалансирана исхрана ви дава повеќе енергија и сила за да се справите со секојдневните промени и заморот. Тоа е вашата најубава инвестиција – и во сопственото здравје, и во иднината на вашето бебе. А и не е страшно ако од време на време се засладите и почастите со вкусни вафли прелиени со чоколадо, овошје или пак со органски агаве сируп.
*ПР објава