Часовник на неделата: Секогаш во тренд - Tissot EVERYTIME за современата жена

Tissot EVERYTIME е часовник кој на прв поглед плени со својата едноставна, но префинета естетика.
Со дијаметар од 34 мм, совршено се вклопува на женска рака, нудејќи комбинација од елеганција и дискретност. Куќиштето е изработено од висококвалитетен 316 L челик со PVD премаз, што му дава дополнителна трајност и отпорност на гребнатини.
За повеќе детали кликнете на сликатаСтаклото е сафирно, најценет материјал кај луксузните часовници, кој обезбедува долготрајна заштита и јасна видливост. Ремчето е изработено од кожа, што го прави часовникот удобен за носење во секојдневни и свечени пригоди.
Механизмот е кварцен, што гарантира прецизност и минимално одржување. Дополнителна предност е водоотпорноста до 5 Bar, доволна за да издржи дожд или миење раце, иако не е наменет за пливање.
Tissot EVERYTIME е класичен, модерен и практичен избор за жени кои сакаат часовник што ќе се вклопи со секој стил, без да биде наметлив. Тоа е идеална комбинација од швајцарска прецизност и елегантен дизајн.
*ПР објава