Ко теле у шарена врата

Ја вака како глупандер за политички игри и игрици и како тотален глупандер за “нати го дај ми го“, стално се препрашувам , можно ли е навистина толку многу животот за едни да е мајка, а за други маќеа.
Никогаш не сум им се дала ни на едните ни на другите.
Мислам на партииве наши.
Се уште го чекам моментов кога од утроба ќе ми дојде глас, дека на било кој од нив, ќе можам да им верувам. И воопшто да им изгласам минимум доверба. Се уште не ми дошол таков глас.
Имаше таму некои 5 минути на почетокот, кога станавме држава. И толку. Само пет минути траева тие пет минути. Оттогаш навака, како да ни одбројуваат последните пет минути, кога секој момент се ќе падне
4 и ќе се сруши како кула од карти.
Во последно време, Бога молам само да не ми треба некој документ, некоја институција, или не дај Боже некоја магнетна резонанца. Значи Бога молам. Секое сабајле. Уплав имам, ако не дај Боже вакво нешто ми затреба. Поарно ќе биде да си легнам, да је покријам со јорган преку глава и да чекам да умрам, отколку да идам да извадам извод од матично, или имотен лист. Да бе знам, дека се ова можам и на нотар да го извадам. Фино лепо да си искеширам пестотче или иљадарче и нема гајле.
Баш супер ги смислија овие легални лихви.
Па тоа банките!! Па за нив не знам више кој шаржер да го испукам. Ако порано тие нам ни плаќаа, за да им ги ставиме парите на чување, сега ние им плаќаме и тоа дебело им плаќаме за да ни ги чуваат парите.
Оти по се изгледа врзани се со таканаречените ситни, или крупни криминалци- кој и да се, огин да ги изгори, што би рекла баба ми, па со дојава, ако си ги чуваш парите дома, туку само наеднаш ќе ти ги снема. Демек провала у сред бел ден.
Исто као што пред седум години кога си ја отворав цвеќарницата ми дојдоа од некоја си фирма за обезбедување, да ми понудат аларм и видео надзор.
А ја онака “тафталиџански“ им викам, абе каков аларм, ја цвеќе ќе чувам у дуќанов, не злато. Што ќе ми е заштита.
За два-три дена дуќанот ми беше обиен, земен некои ситниш од каса, звучник “Босе“, и лап-топот.
Се тоа ми беше земено. Една ружа не фалеше. Ништо не беше бутнато, нит скршено
Точно си знаеле и кај е касата и кај стоел звучникот и лап топт.
Како!?..., појма немам, не ме прашувајте.
Ваљда имаат екипи кои идат на “увид“ претходно.
А ружите сите токму. Па бар една ружа да земеа за мајка им, или за девојка, ли жена…, што и да имаат-огин да ги изгор-пак ќе ја спомнам баба ми.
Ама не!, тие што зимаат ружи, па макар и крадени, или скинати од некој двор, или од улица, тие не прават вакви ѓурултии. Не!
За бакните кратка бев, криво ми е, ама ќе пишам цела колумна друг пат за нив.
Сега само ќе речам дека која мајка дете изгубила у банка, ќе си го најде. Таму се, и сите се банкарски службеници.
Е сеа! Имам еден друг муабет.
Ич, ама ич не ми е јасно зашто и како отаде Вардар, па и одоваде Вардар, албанците немаат ни фискална ни пос -теринал, ни фактури ни бутур. Ништо немаат. Само кешарица. Може и у евра и у долари и на доѓем…
Секако можеш да платиш само не на картичка и на фактура.
Да го немав дуќанот, за кој што севезден набавувам роба, ова немаше да го знам. Не до толку.
Ќе знаев, ко што сите знаеме дека таму не се плаќа нит струја, нит парно, нит вода, дека се пуши по сите кафани, дека ова, дека она, ама дека баш волку многу за нив животот е мајка, а за сите други маќеа, стварно немаше да знам. Ако е тоа мајката и маќеата. Не знам. Ништо не знам.
На пример отаде Вардар во сите албански радњи нема фискална каса, него на ливче ко порано у гранап, или у тетратка. Па коа ќе имаш, ќе платиш.
А у другиве, не знам како да кажам, македонскиве радњи (оти и едните и другите треба да се македонци), и фискална и пос-теринал и фактура. Три пути поскупо, пошто нели они треба и данок да платат.
И сеа, влези у макдонска радња сите намуртени, бидејки не знаат како крај со крај да врзат од трошкови, влези кај другиве, ќе ти понудат и чај и кафе и локум…, сите насмеани, весели, љубезни… Да ти е мерак да пазариш. Мисламмм… ако е тоа мерак, за мерак.
Башка пред нивните радњи паркирани џипови, мерцедеси, бемвиња, аудија… топ не ги бие, а камо ли пајак да ги крене… а пред другиве, да не речам пред нашиве радњи пикапи, “пежонца“, “цитроенчиња“ и по некој залутан мерцедес, колку да не е без ич.
И “пајаков“, тачно си знае кого смее да крене кого не.
Како!?, не знам не ми е јасно.
Или сум ја глупа, или сум глупа. Трето нема.
Или ако ги поврзам рабориве, ко татко ми карти што ме учеше да играм, тогаш “пара на пара“ иде.
Овие одоваден со париве, се врзани, со тие отаден со парите.
А!?, или пак глупости трескам.
Господе ме сачувај на пеесет и кусур години со вакви глупости да се бавам.
Страв ми е оти знам дека чачакм мечку за п…ку…, а срам оти одам и пазарам и кај нив без фискална, бидејки ем имаат роба, што кај “нашите“ ја нема, ем е три пати поефтино. А тоа пазареното после оттаму да се чудам како да го правдам у дуќан, бидејки е без фактура.
И така еднаш кога ми дојде инспекција во мешан состав се разбира, сакам да речам еден македонец и еден албанец, токму албанецот ми напиша казна, оти принципелно “таков е законот госпожо“-ми рече.
Ја ко теле у шарена врата го гледав.
Исто како што и сега, ко теле у шарена врата, ја пишувам оваа колумна.
Толку. Немам друго што да кажам.
За Женски Магазин, Тања Трајковска
*Ставовите изразени во колумната се исклучиво лични ставови на авторот и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Женски магазин
Колумната можете да ја слушнете во аудио верзијата подолу: