Чекор напред за Чарна Невзати, голем за Македонија: На нашата „мис“ ѝ се предвидуваат големи успеси во светски рамки

На 31 мај 2025 година, ќе се одржи светски спектакл во изборот на најпретставителната дама која ќе се закити со титулата „Мис на светот“.
Настанот ќе се одржи во ХИТЕКС конвенцискиот центар во Хајдерабад, Индија, а ова ќе биде 72-то издание на изборот за Мис на светот. Манифестацијата „Мис на свет“ е еден од најгледаните и најпрестижни меѓународни настани за убавина, хуманост и култура и тоа во светски контекст.
За првпат по речиси една деценија пауза, Македонија се враќа на ова светско натпреварување со своја претставничка. Чарна Невзати веќе ги освои симпатиите на македонската јавност, а медиумите често пишуваат за нејзината природна убавина, истакнато образование и хуманитарна работа.
Чарна Невзати е родена во 2004 година, во моментот е студентка на Правниот факултет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и активна во сферата на хуманитарните активности, модата и јавните настапи. Таа беше крунисана за Мис на Северна Македонија 2025 и со таа титула ќе ја претставува државата на изборот за Мис на светот.
Во своето претставување на официјалната веб-страница на Miss World, Чарна вели дека нејзината најголема инспирација е борбата за хумани цели. Таа активно работи со локални здруженија за заштита на животните и има хуманитарна мисија поврзана со програмата „Beauty with a Purpose“, преку која се залага за подобрување на условите за бездомните животни во урбаните средини.
Последен пат Северна Македонија имаше претставничка на Miss World пред речиси 10 години. Повторното враќање на светската сцена преку своја претставничка годинава се смета за симболичен прогрес за домашната сцена на модата, културата и меѓународниот имиџ на земјата.
Според мислењето на модни и медиумски експерти, Чарна се вбројува меѓу најзабележаните, благодарение на нејзината природна харизма, став и посветеност на својата хуманитарна мисија.