Често плачам, никој не видов за празниците: Тешко болната Селма Блер ја отвори душата

Добивај вести на Viber

Американската актерка Селма Блер пред две години откри дека боледува од мултиплекс склероза, па сега се наоѓа во ризичната група луѓе, и тоа не го поднесува добро за време на празниците.

Откри дека го поминала Божиќ сама со 9-годишниот син и дека не се видела со пријателите.

- Тивок Божиќ. Не ги видовме своите пријатели, ни фамилијата, освен некои блиски. Имам проблем со иднината и плачам. Знам дека празниците за некој може да бидат тешки. Прво кога ќе помислам на мојата неодамна почината мајка, потоа на Ковид-19. Никогаш повеќе не сум посакувала повеќе надеж за овој свет, за здравствените работници, наставниците, сопствениците на ресторани. Понизно се заблагодарувам што сум овде- напиша актерката на социјалните мрежи.